Исмаил најавува пожестока битка за социјалните и националните права на Македонците

Во вчерашната „утринска емисија“ на Слободен печат зборуваше за кадрите на Левица кои ќе ја претставуваат партијата во Собранието, за кои истакна дека се идеолошки потковани и спремни да водат битки со секоја власт во заштита на социјалните и национални интереси на државата.

Уште пожестока критика во собранието на постоечката состојба и на власта. Уште поголема борба за социјалните и национални права на Република македонија и државните интереси. Она што мислам дека нас најмногу не закочи беше бојкотот од „поголемите“ медиуми. Причината ја знаеме, поради тоа што го блокиравме законот.

Во продолжение Исмаил додаде дека и покрај цензурирањето на работата на Левица и оцрнувањето во дел од медиумите, партијата успеала да избори одличен резултат.

Ние блокиравме многу закони на наша штета, на штета на Левица, но во интерес на Република Македонија. Ова беше причина за да не’ бојкотираат, и не само што не бојкотираа, одредени медиуми преминаа во клевета и оцрнување наше, пред се на лидерот, а подоцна и врз сите кадри на Левица. Оваа битка не е на Левица, ова битка е на сите млади против цензурата.