Исмаил: Преговори за Влада: Братство единство наспротив мултикултурализам

  • Пишува Реџеп Исмаил – Хактан – Потпретседател на Левица и Пратеник во собранието на Република Македонија

Бидна што бидна на парламентарните избори, се смени баланост во бројки по мандати, но праксата на перцепирање на Македонија како племенска заедница продолжи. И тоа не само од страна на граѓанските „независни“ аналитичари (од сите проминиенции) туку за жал видовме дека од тој мајнцет не може да излезе ниту политичката партија мандатар за влада.

Прво, едно треба да биде јасно секому: фаламу на Севишниот во правниот поредок на државава СЕУШТЕ нема облигација за да мора „албанска“ партија да партиципира во власта! И има зошто е така. Во суштина, нашиот политички систем не познава „албанска„, „туркса“ партија, тоа се сите македонски партии, партии регистрирани во Република Македонија.

И сега, посекако јавниот притисок ќе извика: “Ама тоа не е така во реалноста, мора да има албанска партија во влада ради стабилност, ради легитимитет, ради демократија и мултикултурализам”…накратко, подолу планирам кратка експликација со ред за сите „ради“, ама по обратен редослед:

ДЕМОКРАТИЈА и МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ – ова што ние го имаме како последица на Охридскиот рамковен договор (ОРД) во никој случај не е мултикултурализам, ова е класичен бинационализам, односно би-етницизам, каде сите други заедници се претопуваат во двете доминантни етнички групи поради нивната политичка доминација овозможена токму од срана на политичкиот систем зачинет со ОРД. Вака поставениот консоцијален модел на демократија, си создаде политички етнички елити кои не претставуваат никого освен своите лични интереси. Конечно еднаш треба да се одбијат западистичките идеи кои ни ги наметнуваат како социо-политички експерименти. културата, особено ако таа е мулти, треба да се остави во општеството, таму да вирее со сиот свој диверзитет, а не истата, политизирајќисе, да постане алатка за легитимитет во грабањето на власт на овие етнички елити.

ЛЕГИТИМИТЕТ/ПОЛИТИЧКА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ – нема по анти-европски од тоа да легитимитетот на власта се добива по етничката определба! Па кој ме престатвуваше мене како турчин до сега во власта?! Ќе ни објаснат ли некои од аналитичариве што сега трубат постизборно со комбинаторики кои неводат никаде освен кон продолжување на сагата на распадната, поделена држава, без национално единство и култура, без институции кои меѓусебно имаат некаква врска!?

СТАБИЛНОСТ – Што е поентава со стабилноста – ова се користи како закана или како оправдание за штанцање закони кои бирократијата во Собрание не може ни да стигне да им направи пречистен текст!?

Ако е закана, тогаш оној кој подклекнува на тоа во самиот старт признава дека некој од многуте општествени групи има ексклузивитет во однос на третманот од органте за безбедност на државата! Ова не е комплексно прашање, напротив, многу едноставно, компликациите настануваат од неговото несоодветно третирање. Имено, ако некој се обиде да ја загрози безбедноста поради неговата волја за власт, а притоа не го добил потребното мнозинство во рамките на право-политичкиот поредок (преку избори), тогаш тоа е прашање на безбедносниот систем на државата а не прашање на партиски преговори за власт! Па нели сме НАТО држава, осигурана во поглед на безбедноста?…

ПОПУЛИЗАМ – десничарски 🆚 левичарски

Поентата да предочам на разликата помеѓу овие два вида на популизам е да доловам како ВМРО-ДПМНЕ преку непринципилената коалиција со ВЛЕН прави опортунитетен (политички) трошок на штета на борбата за национално единство.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ популизамот го искористи за да ги заобиколи ветувањата и заветите кои преку цела кампања ги даваше на македонскиот народ, за на крај, повторно да се потчини под мајнцетот на еврофундаментализмот и неговата алатка, мултукулти политиките, со која Македонија ја прави конплетно нефункционална држава повеќе од 20 години! Односно, ВМРО-ДПМНЕ не најде храброст, а очигледно нема ни знаење ни идеја, да ја превземе улогата на авангарда и така да ги постави принципите за Влада која ќе стреми кон утаначување на националните интереси на Македонија, при што на потег и искушение ќе бидат албанците, а не обратно, македонците и сите други мимо етничките албанци.

Зошто тука ги двојам албанците, па затоа што рушењето на АСНОМ-ските темели на државата беше сон на партии кои беа гласани токму од албанците, па потоа, необалистичката идеологија како анти АСНОМ-ска одлика (логично и очекувано) беше посеана по албанското милје низ Македонија. Да бидеме јасни, балистичките идеи (Бали Комбтар) се идеи во служба на фашистичка европа, од не така далечната историја знаеме кои биле албанските контра-партизански групи кому служело балистичкото движење и што предизвикале тие идеи во Македонија. Денеска идеите на бализмот се станати еден вид гордост и главна одлика на албанското милје и култура помеѓу албанците во Македонија. За жал, тоа е толку отидено што дури и да има некој од внатрешните редови на албанците тоа да го предизвика, се соочува со страв од екскомуникација од заедницата па дури и ризик по својата безбедност и безбедноста на своите блиски, па затоа таков јунак не се наоѓа. Но, кога политичка сила со доминантен легитимитет за владеење, како што сега е случај со ВМРО-ДПМНЕ, нема да се осмели да направи чекор, напротив, ќе се прави дека тоа не постои и ќе се обидува да го заобиколува на илјада начини, е тогаш ја одземате шансата да се врати македонското национално единство на темелите на АСНОМ од кое дел ќе бидат и албанците од Македонија како и сите други народности во државава.

За разлика од десничарскиот популизам, оној левичатскиот, авангардно стреми од позиција на власт политички да ги идеологизира масите – со државна идеологија! Ние од Левица покажавне дека АСНОМ-ското единство сосема успешно го воспоставивме во рамките на нашата партија, и дека по тој терк, авангардно, можеме да го воспоставиме и во рамките на Републиката. И на тој начин, Џемо и Мефаил да ги замениме за идеали идела кои се поситоветуваат со Аголи, Шабани и Умер Доми – Љума.

П.С. Кога се работи за идеалот на македонска држава на национално единство (АСНОМ) не се работи само за (меѓународно признат и прифатен легитимните и право) културолошките и национални права на Македонскиот народ, односно не се работи само за духовни/културолошки вредности, не е во прашање само фолклор, НЕ, држава без национално единство ја губи смислата на нејзиното постоење затоа што без тоа таа е парализирана држава. Националната слобода е предуслов за било што понатаму на цивилизациско и социјално ниво да може да постигнат или поттикнат институциите на таа определена држава. Токму оттука и мојата заложба како и онаа на Дарија Мустафаоглу, како турци, и онаа на Амар Мециновиќ како бошњак, и оние многу други етнички немакедонци во Левица се заложуваме за