АктуелноИнтернационалноНастани

Путин: Русија е подготвена да соработува со Западот

Русија е подготвена да работи со Западот и „ние дури не одбиваме дијалог со западните земји“. Вака порача рускиот претседател Владимир Путин на денешната инаугурација во Москва. Тој вели дека Русија е подготвена да стане „чесен“ партнер со секој што сака.

Додека повеќе од 20 европски земји ја бојкотираа инаугурацијата, седум земји, меѓу кои Словачка, Унгарија и Франција испратија претставници. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција не е во војна со Русијa коментирајќи го настанот.

Армиски плотуни го означија новото шестгодишно владеење на рускиот лидер. На инаугурацијата меѓу другите пристигнаа неговите пријатели: чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, холивудскиот глумец Стивен Сегал, лидерот на „Ноќните волци“ Александар Залдостанов познат и како “„хирургот“.

Руските производители на автомобили за оваа пригода го адаптираа претседателскиот автомобил Аурус Сенат, а на пат кон палатата на Кремљ, претседателската лимузина беше придружувана од новите електрични мотоцикли Аурус.