Израелската војска ја започна инвазијата на Рафа!
Израелските сили (ИДФ) ја започнаа долго најавуваната инвазија на регионот Рафа, во кој според израелски извори се наоѓаат последните пет баталјони на Хамас.
Според извештаите од теренот, воената акција започна со гранатирање на повеќе цели во поширокиот појас на Рафа, а од бомбите досега загинаа најмалку 23 цивили, од кои 12 се деца. Во меѓувреме во воени дејствија се упатија и силите на копнената војска, поддрѓани од тенкови и артилериски оган.
Инаку, во овој регион има најмалку 2,5 милиони цивили побегнати од Појасот Газа, кој во изминативе шест месеци е под постојани борби.