Како Левица ќе го подобри туризмот во Македонија?
Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма посветено е огромно внимание на туризмот и привлекување на странски туристи. Изминативе години, со само двајца пратеници, Левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, каде во фокус беа социјалните политики.
Претседателот Апасиев кажа дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата што ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес. Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за туризам и спорт.
- Укинување на Агенцијата за поддршка на туризмот и нејзина инкорпорација во новото Министерство за култура, туризам и спорт.
- Дигитализација на туризмот – мобилни апликации преку кои ќе може да се купат билети за посета на музеи, локалитети, јавен превоз; можност за „виртуелни тури“ и посета на значајни споменици и сл.
- Брендирање на името „Македонија“ и промоција на нашата гостопримливост во странски туристички списанија – со организирани роуд-шоуа за големи светски и европски туроператори: промоција на Охрид (Самоилова тврдина), Скопско Кале, Голем Град (Преспа), Кокино и Цоцев Камен, Маркови Кули, Пештера „Слатински извор“, Црква „Св. Ѓорѓија“ во Курбиново и др.
- Воведување на државно Акционерско друштво за стопанисување со детски и работнички одморалишта – во чија надлежност би било изградба, реновирање и стопанисување на овие одморалишта од времето на Југославија и нивно повторно отворање, во насока на заживување на јавно организираниот т.н. масовен туризам: Пелистер (Битола); -Отешево (Преспа); Ѓуриште (Свети Николе);Плачковица (Штип);Голак (Делчево); Малешево (Берово); -Суви Лаки (меѓу Берово и Струмица);
- Развој на вински и гастрономски туризам – преку промоција на традиционалната македонска кујна: пр. биено сирење, качамак, пастрмајлија, ајвар, пинџур, домашно слатко, жолта ракија и др.
Изборната програма се состои вкупно од 13 подглавја и тоа се:
- Труд и социјална правда
- Право и антикорупција
- Политички систем и администрација
- Граѓанско општество и медиуми
- Политичка економија и финансии
- Урбанизам, сообраќај и локална самоуправа
- Култура, туризам и спорт
- Образование и наука
- Здравство
- Земјоделие
- Екологија и енергетика
- Јавна безбедност и народна одбрана
- Надворешна политика
За да ја прегледате целосната програма на Левица – кликнете на сликата подолу