АктуелноЛокално

Крмов: Донесување посебен закон и финансирање државни центри за лица со попреченост

Денес во Штип, пратеникот од Левица и носител на листа од ИЕ3, Борислав Крмов, оствари средби со претставници и членови на неколку здруженија на лица со попреченост.

,,Целта е да ја претставиме програмата на Левица за претстојните Парламентарни избори, 2024. Нашата Програма и од меѓународниот фактор е оценета како најинклузивна социјална програма.

Бидејќи зборуваме поопширно за лицата со попреченост, ние имаме во Програмата: донесување на посебен закон; финансирање на државни центри за лицата со попреченост; зголемување на фондот на техничари, на луѓе коишто помагаат во домовите; пристапни рампи секаде – сè во интерес на подобрување на нивниот квалитет на живот”, истакна пратеникот Крмов.

Претставниците на здруженијата ја поздравија Програмата на Левица.

,,Мило ми е што се среќавам со пратеникот Крмов и со членови на Партијата Левица. Се надевам дека ќе оствариме добра соработка во иднина и верувам дека сите наши идеи, планови, размислувања, предлози, ќе бидат преточени во закон во Парламентот, со поддршка на пратениците од Левица”, истакна на денешната средба, претседателот на Здружението на слепи лица, Драги Витанов.

Во текот на денешниот ден, пратеникот Крмов оствари средба и со претседателот на Здружението ,,Сплотени срца”, Зоран Мијалков.