Крајевски: Мицкоски има проблем со комунистичкото, а не со фашистичкото минато

  • Фејсбук статус на Јован Крајевски – член на Президиумот на Левица

Мицкоски смета дека СДСМ треба да се огради од своето комунистичко минато. И не, не станува збор за некој бугарски политичар со исто презиме како лидерот на ДПМНЕ, туку баш за нашиот Христијан Мицковски.

Мицкоски не смета дека СДСМ треба да се огради од приватизациите. Мицковски не смета дека СДСМ треба да се огради од Преспанскиот договор. Евидентно на Мицковски не му смета до толку ни Францускиот предлог, ниту фашистичките клубови во Македонија (со едниот, нели, вели дека ДПМНЕ имале континуитет).

Не, не – на Мицкоски му смета баш комунистичкото минато на СДСМ. Оти е срамно да имаш историја на тепање бугарски фашисти, очигледно.