Левица со Македонска платформа – Каква ќе одбере ДПМНЕ во конкуренција со Тиранската и Софиската?

  • Откако дел од политичките партии создаде слика за обединување на политичките партии во државава кои не припаѓаат на т.н. албански блок на етнички партии, од Политичката партија Левица излегоа со „Македонска платформа“ во пет точки која може да тежнее он некакво обединување. Партијата која го наметна овој наратив ДПМНЕ сега има едноставен избор, да одбере „Македонска платформа“ со Левица, или некоја од останатите, „Тиранска“ или „Софиска“ платформа со партиите од албанскиот блок, кои предвидуваат внесување на Бугарите во Уставот, но и нови етнички мотивирани уцени кон македонскиот народ. Во прилог ви го пренесуваме соопштението.

Ја објавуваме јавната понуда на Левица за потпишување Македонска платформа во ПЕТ ТОЧКИ од страна на сите промакедонски политички партии, со цел утврдување национален консензус заради превенција од постојните уцени при составување Влада, кои доаѓаат од партиите на албанското малцинство (потписници на т.н. Тиранска платформа) – а со единствена цел да се запре понатамошното разградување на Република Македонија и нејзино претворање во полупротекторат:

1. УНИТАРНОСТ – надминување на федералниот, консоцијациски бинационален модел на држава и напуштање на заостанатиот апартхејд-модел за гетоизација на етничките заедници и националните малцинства;

2. ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ – oрганизирање на Република Македонија во една изборна единица и забрана на монолитни и чисто етнички партии;

3. ИДЕНТИТЕТ – распуштање на т.н. Историски комисии за ревидирање на македонската антифашистичка историја и одлучно „не“ за внесувањето на Бугарите во Уставот;

4. СЕКУЛАРНОСТ – строго одделување на верските заедници и религиозни групи од државата и јавните институции и нивно одданочување;

5. ДРЖАВНИ ИНСТИГНИИ – строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации.