Куба го прослави Денот на земјоделците

Куба вчера го прослави Денот на земјоделците, 63 години по потпишувањето на Првиот акт за аграрна реформа со кој се утврдени правата на земјоделските работници во земјата.

Овој документ во 1959 година го потпиша Фидел Кастро во генералната команда на бунтовничката армија Ла Плата на планинскиот венец Сиера Маестра, во источна Куба. Ова за Кубанците имаше посебна симболика бидејќи се случи на датумот на кој, 13 години претходно, селскиот водач Ничето Перез бил убиен од страна на големите земјопоседници.

Со овие закони се овозможи големите поседни земјиште што им припаѓаат како на локалните, така и на сопствениците од САД, да бидат прераспределени на илјадници рурални работници, кои на тој начин станаа сопственици на земјиштето. Ним, исто така, им се обезбеди пристапот до здравствена нега, школство и домување.

Актот за аграрна реформа беше исто така елементарна неопходност која овозможи економски развој на земјата, која сè уште имаше полуфеудални форми на производство што го попречуваа нејзиниот развој.

Ваквиот развој на настаните го мотивираа основањето на првата Национална асоцијација на мали земјоделци (ANAP) во 1961 година.

По повод празнувањето на „Денот на земјоделците“, претседателот на Собранието Естебан Лазо ја истакна важноста на овој сектор и напорите Куба да стане држава, која може сама за себе да произведе доволно храна.

Централната кубанска провинција Сиенфуегос е домаќин на свеченостите за Денот на земјоделците.