Мециновиќ: Црвено Ѓорче
Амар Мециновиќ, ноителот на листата на пратеници на Левица во Изборна единица 2, денеска се дружеше со жителите на Ѓорче Петров.
– #ЦрвеноЃорче – во најразлични разговори за заедничките маки и за нивните решенија. За бесплатно здравство и образование, за дестимулирање на иселувањето на луѓето. За пензиите, каматите и извршителите – изјави Мециновиќ.
Поголем број на граѓани му пристапија на Мециновиќ, посакувајќи да ги слушнат неговите пораки, посочија од Левица.