Стоименовска: Уште ли верувате дека ако не СДС, ќе ве спаси ДПНЕ?

  • Фејсбук статус на Ивана Стоименовска

Уште ли верувате дека ако не ве спаси СДС ќе го направи тоа ДПНЕ и обратно? Велат човек се учи од грешките, но прашање е колку грешки треба да направиме и која е ЦЕНАТА за тоа?

Имате шанса да гласате за партија која е нешто сосем различно, партија која има визија да го менува системот од корен и да направи нов.

Дали мислите дека партија формирана од незадоволни олигарси кои членувале во други партии и не “сркнале од медот” колку што сакаат ќе работи во интерес за вас?

Имате шанса да гласате за обични луѓе од народот, за деца од работничка класа кои ги поминале маките на транзицијата.

Таквите кои се одважиле да кажат НЕ на статус- квото и да не поведат во борба против криминалот и безредието.

Една од нив е Јована Мојсоска, докажан борец, работник, чесна и неподмитлива. Носител на листа за Левица за ИЕ 5.

(Битола, Охрид, Струга, Ресен, Кичево и околните села и општини)