Ванковска: Децата во палестина умираат – САД го финансира Израел

  • Фејсбук статус на Билјана Ванковска – Кандидат за Претседател од Политичката партија Левица

Кус поглед на светската сцена (која очигледно не ги засега другите политичари во Македонија):

Децата во Газа и натаму умираат – и стануваат само статистика! Полиција тепа и апси студенти на Колумбија универзитетот во Њујорк заради протести против геноцидот во Газа.

Украина е на коленици – после загуба од преку половина милион луѓе заради гладот на западниот воено-индустриски комплекс. Сега се обидува да предизвика нуклеарен судир и западна интервенција.

САД дадоа уште 111 милијарди долари помош за Израел и Украина. Израел отвора фронт за војна со Иран.

Олаф Шолц има поддршка од 20% а десницата бара излез од ЕУ. Ле Пен се спрема да дојде на власт во Франција. Мелони уште му се поклонува на Мусолини но оди да бара помош од Кина.

Полицијата во ЕУ тепа, казнува и ограничува слобода на движење, говор и мисла, синдикални протести итн. Германската индустрија во слободен пад. Итн.