(ВИДЕО) Ванковска: Македонија е сѐ што немаме и Македонија е сѐ што ни забранија

  • Фејсбук статус на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател поддржана од Левица

Чувството на одговорност постои кај мене, особено земајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа светот! Очигледно е дека на Македонија и треба претседател кој ја гледа целата, глобалната слика!

Кога ја пишував книгата „Македонија е сѐ што немаме!“ ги издвоив сите мои колумни кои беа во траекторија на дијагнозата „Македонија е сѐ што ни забранија!“, а сега тоа продолжува и со насилното менување на документи.

За мене беше вознемирувачки што додека одевме на протести за време на протуркувањето на Бугарски, Преспански договор, Законот за јазици и се низ што помина Македонија, некои седеа во кафулињата и не гледаа небаре ние сме тие што грешиме!

Јас сакав насловот на книгата да боли! Затоа што и ситуацијата во која се наоѓаме како држава е болна!