АктуелноИнтернационално

ЕУ го ограничува увозот на украинско жито и воведува царина за дел од украинските земјоделски производи

Во ЕУ, наскоро повторно ќе доспеваат царини за големи количества на некои украински земјоделски производи.

Членките на Европската унија привремено се договорија за ограничување на увозот на украинско жито и земјоделски производи, откако претставниците на Европскиот парламент и Белгија, која во моментов претседава со Унијата, постигнаа договор за тоа. За таква одлука е потребно и официјално одобрение од сите членки на Унијата и од Европскиот парламент.

Во јануари Европската комисија предложи продолжување на бесцаринскиот пристап до јуни 2025 година, но со можност за примена на тарифите за животни, јајца и за шеќер, доколку нивниот увоз го надмине просечното ниво од 2022 и 2023 година.

Оттогаш, на списокот се додадени овес, пченка, житарки и мед, а тарифниот просек треба да се пресмета врз основа на втората половина на 2021 година. Таа година, пред да започне војната во Украина, увозот од земјата беше многу помал, бидејќи се применуваа царински давачки на украинската стока.