Уставниот суд докажа дека сме колонија
Веста дека Уставниот суд нема да поведе постапка за оспорените одредби во Договорот со „Бехтел и Енка“ кои предвидуваат прекувремена работа е само уште еден доказ дека сме колонија, а дека правото е само израз на волјата на владејачката класа. Толку векови битка за работнички права, а државата дозволува работникот да р’мба за проекти од наводно национално и стратешко значење, вели проф. Билјана Ванковска.
Кандидатката на Левица на претстојните претседателски избори, го пронајде мотивот за оваа одлука.
-Ништо овде нема ни човечко, ни хумано, ни национално – ами само лукративно и геополитичко (во интерес на „американските сојузници“)!
И пак да ги гласате! Може и памук ќе треба да берат на плантажи – ако така решат, додаде таа.