Левица: Непрекинато течат подготовките за промоцијата на програмата за претседателските и парламентарните избори

Во насока на сериозна борба за да се биде гласот на секој граѓанин што живее на територијата на Реублика Македонија, вчера во канцеларијата на Охридскиот локален огранок од Политичката партија Левица се одржа состанок на кој присуствуваше официјалната носителката на пратеничката листа од петта изборна единица – Јована Мојсоска, како и претставници од ограноците од југозападниот регион и членови на подмладокот на Левица – Црвена Младина.

На координативниот состанок беа потенцирани поставените приоритети кои што се заеднички за населените места во регионот, како и пренесување на знаења, евалуации и позитивни искуства што се стекнале низ работата што сериозно би помогнало Левица како партија која моментално е најбрзорастечка партија во Република Македонија, да не зборува за промени, туку преку директна инволвираност во институциите и реализација на предизборната агенда, да направи промени за работливиот македонски народ кој сериозно заслужува да биде слободен и горд граѓанин, а пред се’ лидер на оваа сончева и плодна татковина. 

Левица на четврти април ќе влазе подготвена да се бори заедно да избереме претседателка која ќе ги брани националните бои на Македонија, а не да биде марионета на странските амбасади. Според констатацијата на Државната изборна комисија, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска го доби редниот број пет на изборното ливче за претседателските избори што ќе се одржат на 24 април, 2024 година.

На осумнаести април спремно влегува во ревносна трка за власта да му припаѓа на народот, а имињата на кандидатите од шесте изборни единици кои преку нивниот минат труд ќе бидат гаранција за идните постапки на Левица, ќе бидат наскоро официјално достапни до широката јавност. Парламентарните избори и вториот круг претседателски ќе се одржат на 8 мај, 2024 година.

За да не дозволиме манипулација со народната волја, ги повикуваме сите заинтересирани граѓани коишто се подготвени непристрасно да го следат изборниот процес, да не’ контактираат електронски во било кое време или да се обратат директно во нашата канцеларија за време на отворените денови во среда и петок од 16 до 17 часот и недела од 18 до 20 часот.