Ванковска: ЕУ си пукаше во нога, следејќи ги САД во однос на политиката кон Украина

Темата ЕУ застанала во дебатата и во перцепцијата која им се нуди на граѓаните, пред не знам десетина години можеби, вели Билјана Ванковска.

Во пресрет на претседателските избори, кандидатот на Левица, смета ЕУ воопшто не е истата од пред 10 години, туку е милитаризирана и под американско водство.

– Дури и кризата ако ја земеме на ЕУ од 2008 година, зборувам за големата финансиска криза и се што се случуваше потоа, ние веќе не зборуваме за иста ЕУ. Тоа важи за жал и за медиумите. Во своите ТВ вести на пример, па дури и во дебатни емисии, јас не сум чула да се разговара, да речеме Макрон бара да се праќаат војници во Украина, што е влез во Трета светска војна, дали сме ние воопшто свесни за контекстот? Некако имам чувство дека сме ја земале ЕУ од некој шкаф и само неа ја гледаме како некаков статичен објект. Таа не е статична, таа се менува, таа се милитаризира. Таа повеќе пари вложува во вооружување, зборувам за земјите членки, отколку во социјала, во развој. ЕУ си пукаше во нога, следејќи ги САД во однос на политиката кон Украина – додаде таа.