Левица поуспешна во грижата за Аеродром од градоначалникот Муцунски
Aктивистите на Левица повторно ја демонстрираа посветеноста и грижата за граѓаните на општина Аеродром, јавуваат од партијата.
Имено, во текот на изминатиов викенд, тие самоиницијативно, преку свој волонтерски ангажман, го поправија руинираното детско игралишта во паркот на реонски центар при општина Аеродром.
Оваа акција на активистите на Левица е само еден од многуте примери на волонтеризам во интерес на граѓаните, додека избраниот градоначалник Тимчо Муцунски не гледа никаков проблем во руинираните детски игралишта.
Граѓаните ќе знаат да изберат и поддржуваат луѓе со јасна визија и цел, наместо личности кои се неспособни да ја извршуваат функцијата која им ја довериле граѓаните.
Жалосно е што локалната самоуправа наместо за детската среќа повеќе се грижи за бизнис зделките со кои се продуцираат бетонски чудовишта.
За разлика од нив, главниот интерес на Левица е задоволството на нашиот народ. Продолжуваме со нови герила акции за разубавување на нашиот и ваш Аеродром.