АктуелноИнтернационално

Африканскиот револуционер Самуел Нујома ја осуди американската агресија врз Куба

Се погласни се барањата за отфрлување на унилатералните санкции кои го поттикнуват мешањето на САД во други држави.

Фидел Кастро и Самуел Нујома за официјална средба

Поранешниот претседател на Намибија и активист против апартхајдот Самуел Нујома, во вторникот ја осуди блокадата на САД против Куба и истовремено се заблагодари за интернационалната соработка што оваа карипска земја им ја понуди на африканските народи во 60-тите години.

Револуционерот Нујома ја истакна континуираната солидарност на кубанскиот народ со неговата земја “од периодот на борбата за независност па се до денес”, и истовремено категорично ја отфрли целосната примена на Хелмс-Буртон Законот.

Во моментов, примената на поглавјата III и IV од овој Закон од 1996 година дозволува американските судови да ги тужат меѓународните компании кои соработуваат со национализиран имот во Куба од 1959 година. Поглавјето III им овозможува на граѓаните на САД, вклучувајќи ги и национализираните Кубанци, да ги тужат пред американските судови компаниите кои наводно имаат бенефит од имоти во Куба, кои биле нивни или на нивните семејства пред Кубанската револуција. Поглавјето IV го ограничува влезот во САД на оние кои соработуваат со национализирани кубански имоти.

Коментарите на африканскиот борец доаѓаат откако Студентската федерација на Перу (ФЕП) објави соопштение со кое се отфрла економската блокада што претседателот Доналд Трамп ја продлабочи против Куба.

Ние се приклучиме на светското отфрлање на насилниот Хелмс-Буртон Закон, кој промовира дискриминација, го поттикнува мешањето во државните работи на другите нации и го обновува империјалистичкиот карактер на САД”, рече претседателот на ФЕП, Дарвин Бустилос. „Ние сме против економски агресии што ги прекршуваат човековите права. Ги поттикнуваме студентските групи во Перу да се солидаризираат со народот на Куба”.

Досега администрацијата на Трамп има санкционирано повеќе од 100 кубански компании, наметна построги ограничувања за патување на државјани на САД и воведе санкции за сите бродови кои пренесуваат  венецуелска нафта во Куба.

Извор: ТелеСур