Ванковска: Тезата на ДПМНЕ е ќе го смениме Уставот, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила

Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова “одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата, вели Билјана Вамковска.

– Моето “лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме Уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи “поглавје по поглавје”.

Кандидатката на претстојните претседателски избори од редовите на Левица, предупредува дека ова е ново сценарио според кое ќе биде променет Уставот на Македонија.

– И ова го нарекуваат “непопустлива надворешна политика”. Немојте после не сте знаеле. Само треба да читате меѓу редови.