Ванковска: „Договорот со Бугарија може да се раскине со обична нота!”
Договорот за таканаречено ,добрососедство’: Тешко на онаа држава што има такви соседи, кои ѝ задираат во идентитетот, во историјата, во постоењето, вели Билјана Ванковска.
-Тој договор не предвидува промена на Устав. Тоа е еден кус договор на две странички со 13-15 членови. Во него има клаузула за раскинување. Таму е најлесно! Таму не е дури ни сложено како ова со Преспанскиот. Ако постои политичка волја, со обична нота се известува дека тоа не значи непријателство кон соседната држава, туку преиспитување на позициите, вели таа.
Ванковска додава дека не е против добрите односи со соседните држави, но не и со оние кои ни кажуваат кои сме и од каде доаѓаме.
-Ние сакаме добрососедство, меѓутоа не под услови во кои вие ни кажувате дека имаме заедничка историја и кои сме ние, од каде доаѓаме”, се вели во изјавата.