Исмаил: Прашање за оние кои нè убедуваат дека ИСИС стои зад терористичкиот напад во Москва

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил, член на президиумот на Левица

Зошто ИСИС, како радикална исламска организација никогаш не направи проблеми на држава како Израел, која под власта на Нетањаху врши геноцит врз арапското население, и земји кои му помагаат во тоа, како САД, Британија, Германија, Австрија, Канада, И сл..? Напротив, зошто ИСИС “превзема” одговорност за терористички акти во земји кои важат за заштитници на Палестинскиот народ како Јужна Африка, Руската Федерација, Иран, Либан, Сирија…?

И едно друго подпрашање за оние кои им треба поголем напор да го видат она што им стои пред носот: Колку и каков тип џамии ИСИС има дигнато во воздух сиве овие години од неговата слава, што впрочем, токму минирањето на овие џамии се акти кои го одбележаа “славниот” почеток на оваа организација?