Левица: Општина Чаир нема изгласано завршна сметка од 2021 година?
На официјалната страница на oпштината веќе две години не се објавени завршните сметки (за 2022 и 2023 година) за тоа како се потрошени парите на граѓаните, тврдат од Левица.
Исто така, не се објавуваат службените гласници, односно – последниот е објавен на 16.6.2023 год.
Неодговорноста, нетранспарентноста и неотчетноста на градоначалникот Висар Ганиу и претседателот на Советот, Јетмир Асани, се покажуваат на дело.
Широката коалиција ДУИ-СДС-ДПМНЕ ја докажува својата негрижа и неажурност и во оваа општина, со тоа што цели 9 месеци не се објавени Одлуките на Советот на Општина Чаир.
Апелираме до Инспекторатот за локална самоуправа да спроведе вонреден инспекциски надзор и да ја утврди фактичката состојба!
Исто така, ја информираме јавноста дека во периодот што следи, од Општината ќе бидат побарани информации од јавен карактер, бидејќи граѓаните и жителите на општина Чаир, чија доверба е повторно изневерена, благодарение на мафијашката структура, заслужуваат отчетност и транспарентност од Општината.