Нови канцеларии на Левица во Берово, Пехчево и во Македонска Каменица

Со огромно задоволство и чест Ве покануваме на отворањето на канцелариите на Локалните ограноци на Левица во Берово, Пехчево и Македонска Каменица, Понеделник, 25.3.2024, истакнаа од Левица.

Отварањето на новите партиски канцеларии е предвидено по следниов распоред.

– ЛО Берово во 17:00 часот

– ЛО Пехчево во 18:00 часот

– ЛО Македонска Каменица во 19:30 часот.

На отворањето на канцелариите ќе присуствуваат: Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев, носителот на ИЕ 3, пратеникот Борислав Крмов, членови на президиумот и на Централниот Комитет на партијата.