МОН бара анекс за договор кој не е доставен

  • Соопштение на Студентски отпор

До студентски отпор пристигнуваат информации дека дискриминираните студенти кои земаа помала стипендија и сега треба да ги однесат договорите до просториите на МОН за истите да се анексираат не се воопшто доставени!

За време на корона кризата, во 2020 година МОН кај поголемиот дел од студентите воопшто не ги ни испраќал решенијата на домашна адреса што сега треба да се анексираат, а од студентите се очекува да го искористат архивскиот број на тој договор за да се пополни анексот и да се потпише нов за да дискриминираните студенти го примаат износот кој им следува.

Исто така дел од студентите се пожалија дека од МОН биле вратени со одговор дека не им било грижа што студентите го немале договорот со архивски број (*а истиот воопшто не бил ни доставен по пошта до нив) и истите да ги остават без да го пополнат тој дел и дека дополнително ќе одлучеле дали ќе им ги исплатат средствата или не.

Овој потценувачки однос од страна на институциите на системот кон студентите, односно луѓето кои го плаќаат овој систем е засрамувачки, бидејќи иако за нив овие средства не се важни, за просечниот студент се од огромно значење.

Дополнително, од МОН не е објаснето како ќе се одвива ретроактивната исплата ниту во кои временски рамки, бидејќи од МОН континуирано се доцни при исплата на средства и за Субвенциониран студентски оброк и за стипендии.

Студентите што од оваа година се приматели на стипендија немаат добиено никакви средства од Октомври!
А и како да се има доверба во една институција која не се ни грижи доволно да провери дали има пропусти или печатни грешки во нивни официјални документи!