АктуелноЛокалноНастани

Диви депонии никнаа во Гази Баба

Двете најголеми скопски општини, Гази Баба и Аеродром, и двете управувани од кадри на ДПМНЕ, Гази Баба од Бобан Стефковски, а Аеродром од Тимчо Муцунски , се поврзани со мост од ѓубре, вели Марија Ѓошевска советничка од #Левица во Советот на Општина Гази Баба.

-Мостот што ги спојува овие две општини е претворен во дива депонија од која што се шири ужасна смрдеа, депонија која што е магнет за кучињата скитници кои исто така се слика за неизвршувањето на обврските од страна на првите луѓе во општините Гази Баба и Аеродром, депонија која што е потенцијално жариште за ширење заразни болести!

-Граѓаните на Јурумлери и околните места веќе долго време се жалат на овој проблем, а за да може и пошироката јавност да види колкав е капацитетот на ДПМНЕ за решавање проблеми предлагаме и на оваа локација да снимат некој од нивните предизборни спотови во кои ќе побараат поддршка за вака да ги решаваат и проблемите во државата!

Советничката го предупреди градоначалникот дека е време да се разбуди од зимскиот син.

-Како советничка група во советот на општина Гази Баба ги повикуваме градоначалникот Бобан Стефковски ,надлежните инспекции,ЈКП” Гази Баба 2007 “да се разбудат од зимски сон, да се фатат за работа и да ја исчистат оваа депонија!