Ванковска: Државата во распад бара брзи и радикални мерки

Веста дека нема да се гради фабрика за електрични возила во Тетово не е никаква вест. Сите знаевме, а и новинарите, дека од тоа нема да биде ништо, вели Билјана Ванковска.

-Многу повеќе загрижува што такви Потемкинови села имаме ширум државата. Дури и институциите се празни фасади за нешто што би требало/морало да постои.

Кандидатката на Левица на претстојните претседателски избори смета дека е дојдено време за радикални мерки.

-Додека ве лажат за реформи и европски фондови, подобро е да се справиме со арамиите кои ќе го исцицаат секој денар од сиромашните даночни обврзници и плус ќе нѐ дозадолжат. Држава во распад бара брзи и радикални мерки.