Битола доби 17 хуманитарни паркинг простори по барање на Левица

После изгласаната иницијатива, советничката група на Левица поднесе одлука во Советот на Општина Битола за хуманитарни паркинг простори кои ќе ги користат сите граѓани. Одлуката е едногласно прифатена.

Готова е реализацијата на 17-те хуманитарни паркинг простори на улица “Цар Самоил” и улица “Борка Левата”

Овие хуманитарни паркинг места ќе ги користат сите граѓани, односно кога ќе паркираат на хуманитарен паркинг простор кој ќе биде обележан со црвена боја и посебна зона на дадената табла , паричните средства ќе се собираат во ставка Социјални Бенефиции од Буџетот на Општина Битола, каде истите ќе се доделуваат на ранливи категории, финансиска помош за болнички трошоци, донации и други социјални потреби.