Бунтот од Измир, првиот масовен женски отпор во отоманската историја
Во 1828 година, некаде во месец Јуни, во Измир влегува пченица преку црниот пазар. Три мелници, како олигопол управуваат со тогашниот цел пазар на леб во Измир. Гувернерот на Измир од тој период, Хасан Паша, под притисок на трговците ја покачува цената на лебот.
Ова наидува на силна реакција. Најпрво мажите протестираат поради ваквото покачување. Но, тие сепак остануваат неефикасни. Потоа жените од Измир излегуваат на улица. Тие се собираат на плоштадите од маалата Кадифекале, Тилкилик, Намазгах и Дамлаџик. Буквално се случува граѓанска непослушност во цел град.
Гневните жените упаѓаат во магацините за пченица на нелегалните тезгароши и вршат силен притисок врз гувернерот да го повлече поскапувањето на лебот. Настаните траат три дена. Жените и нивните деца три дена ги окупираа улиците. Притисоците на џандармеријата, преку нивниот командир, Хаџи бег од Кајсери, не успеваат измириќанките да ги откажат од нивната намера да победат.
На крајот, гувернерот на Измир, Хасан Паша, се откажува од одлуката за поскапување на лебот и истата ја повлекува. Така жените се враќаат од улица во своите домови.
Ова е првиот забележан масовен женски отпор во отоманската историја.