На денешен ден ја славиме борбата на жените работнички

„Пролетерката се бори рака под рака со мажот од нејзината класа против капиталистичкото општество.“ – Клара Цеткин

Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за подобри работни услови и економски, социјални и политички права во индустријализираното капиталистичко општество, одржан на овој датум во 1857 година.

Клара Цеткин, една од учесничките на втората социјалистичка интернационала и Роза Луксембург, марксистички филозоф и член на германската левица ги поставиле темелите на меѓународното женско движење и последователните аспирации за економска, политичка и социјална еднаквост и го сменија светот со својата борба за правата на жените.

Нивната цел била драстична општествена промена, отфрлање на капитализмот и создавање на егалитарно општество во кое жените ќе имаат рамноправни шанси за успех со мажите. Нивната борба резултирала со назначување на Денот на жената, кој за првпат се одбележал на 8 март 1909 година во САД. на овој датум се случил и пожарот во текстилната фабрика во Њујорк , во кој погинаа повеќе од 100 жени. Историски гледано 8 март е замислен како потсетник на жените во целиот свет да се борат за своите права.