Левица: Хајрулахи кој е близок на ДУИ повторно кантидат за шеф на Вишо ЈО

  • Реакција на Политичката партија Левица

Денес Советот на јавни обвинители го формализираше пионот на ДУИ, Ислам Абази, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Изборот за нов шеф на Вишото Јавно обвинителство Скопје беше одложен, а еден од кандидатите е досегашниот обвинител Мустафа Хајрулахи.

Токму Хајрулахи, како шеф на ова обвинителство, го држеше предметот во фиока за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ повеќе од една година, наместо законски предвидениот рок од месец дена и не го доставуваше до Скопска апелација.

Истовремено, во Академијата за судии и јавни обвинители избрани се како кандидати, меѓу другите, и синот на Таљат Џафери, како и сопругата на новиот шеф на ОЈО за ГОКК од ДУИ.

Недовербата во целокупниот правосуден систем, непотизмот и неказнивоста на функционерите на ДУИ ја поткопува темелната вредност на уставниот поредок – владеење на правото.

Јасно е дека амнестираната ДУИ, со директно узурпирање на правосудниот систем, обезбедува гарантирана неказнивост на своето криминално владеење, додека СДС прераснува обична пајтон партија во оваа корумпирана владејачка коалиција.