АктуелноЛокално

Промоција на книгата ‘Судбината и зборот’ од Томе Велков во КИЦ

На 12 март 2024 (вторник) ,со почеток од 19 часот во Културно информативен центар – Скопје- Салон Империјал 2 ќе се одржи промоција на книгата ‘Судбината и зборот’ од Томе Велков.

На промоцијата ќе зборуваат Елена Пренџова , рецензент и Виолета Танчева – Златева, модератор

Томе Велков е роден 1947 година во Струмица. Средно образование завршува во Скопје. Живее и твори во Скопје. Со пишување поезија се занимава од 1964 година кога станува член на Литературниот клуб „Кочо Рацин“ од Велес.
Застапен е во повеќе алманаси на овој литературен клуб, а во следните години неговата поезија се објавува во повеќе списанија: „Млад борец“, „Студентски збор“, „Современост“, „Телеграм“ од Загреб, „Младост“ од Белград, „Стремеж“, „Пролетни ракувања“ и други.

Досега ги има објавено стихозбирките „Јужен ветар“, „Копнежи и соништа“, „Жолти сеќавања“, „Чудно време“ и други.

Својата поезија ја пишува со голема самосвесност и егзистенцијалистичка мисловност, прашувајќи се „има ли смисла зборот едноставен / да ја разбуди мислата“. Лично сум убедена дека има сила поезијата од срце искрена да ја разбуди свеста на читател(к)ите.- Елена Пренџова