Ванковска: Да не им дозволиме

Неверојатно како летнаа овие две недели. Уште денес и утре (до полноќ) се собираат потписите. Овојпат, за секој случај. Им велам на тие што ме прашуваат, што е сигурно е сигурно, знаете во каква држава живееме, вели Билјана Ванковска.

-Не е битката во некакво меѓусебно мерење, туку во гарантирање дека нема да се случи нешто неочекувано за да ме исфрли од изборната трка. А мнозина би сакале да го видат тоа.

Кандидатката за претседател на Левица им порача на поддржувачите што не се потпишале тоа да го сторат до утре, за да сите заедно бидат мирни до изборите.

-Да не им дозволиме! Прошетајте до ДИК уште денес или утре, и да си бидеме раат, посочи Ванковска.