Не се жалам, убаво е да почувствуваш топла насмевка и подадена рака
Необично ми е, понекогаш збунувачки и не знам како да се однесувам кога непознати луѓе ми приоѓаат на улица или возачи ме поздравуваат со сирените и дигнати палци, вели Билјана Ванковска.
– Се разбира, низ годините се навикнав на тоа да ме препознаваат како “професорката од телевизија”, ама ова е нов феномен.
Кандидатката на Левица за петседателските избори додава и дека ова е само почетокот од нејзиниот ангажман.
– Не се жалам, убаво е да почувствуваш топла насмевка и подадена рака, а уште сум на почеток.