Левица: Владата на СДС-ДУИ во заминување остави 100.000 граѓани без право на глас
- Реакција на политичката партија Левица
Анти-македонскиот двоец СДС-ДУИ, кој е при крај на своето криминално владеење, во Собранието гласаше ПРОТИВ продолжување на важењето на пасошите без „северна“, со што дрско и бесрамно оневозможија граѓаните кои имаат важечки пасоши со името Република Македонија да го остварат своето право да движење надвор од државата – но, и им го ускратија право на глас на 100.000 полнолетни граѓани кои немаат лична карта, a имаат пасош без нелегитимната „северна“ додавка во името.
Ова несфатливо работење против интересите на сопствените сограѓани е, не само одраз на вазалната надворешна политика на оваа ненародна влада, туку и очаен обид да се намали изборната излезност. Со оглед на тоа дека постои огромно про-опозициско расположение и решеност на граѓаните да гласаат за вистинска левичарска политичка опција, како Левица, и да ја ПАСОКИЗИРААТ анти-македонската СДС и конечно да ја испратат амнестираната ДУИ во опозиција, која треба да одговара за воени злосторства.
По тридецениската партизација на институциите и душманско владеење на СДС-ДПМНЕ-ДУИ, Македонија е доведена до состојба да не може да ги извршува своите базични државни функции, како обезбедување на лични документи за своите жители, но, на претстојните избори народот конечни има избор и можност да направи промена!
Единствено со поддршка на #Левица и на нејзиниот кандидат за Претседател на Републиката, проф. д-р Билјана Ванковска, народот може да се избори за враќање на достоинството на нацијата и подобар живот!