Разочараниот левичар меѓу донаторите на ВМРО-ДПМНЕ?
На профилот Трета опција на Фејсбук се појави список со имиња кои наводно ѝ донирале на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу донаторите е и советникот од Општина Аеродром Дарко Масларковски, кој денеска јавно објави дека повеќе не е член на Левица, а причина за тоа била наводната разочараност со генералната и кадровската политика на партијата.
-Ајде “разочараниот” советник од Левица со жена му донирале 500.000 денари на ДПМНЕ, џабе ви се сите сплетки после 9 мај ќе има плачање на велико – објавено е на Трета опција.