Мојсоска: Локалните пајташи од СДС/ДПМНЕ, своето ќе си го добијат на 9 мај
Јована Мојсоска од Левица посочи дека партиски припадници на големите политички партии, вршеле притисок и вознемирувале граѓани кои својот потпис го дале за кандидатурата на Билјана Ванковска, која е кандидатот на Левица за претседателските избори.
-А локалните пајташи од шлајмот СДС/ДПМНЕ што следат списоци кој се потпишал за #Левица и се закануваат по телефони – своето ќе си го добијат на 9-ти мај. Затоа што помина времето на неписмени насилници со партијашки лоботомиран мозок – и народ веќе не ви се плаши, истакна Мојсоска.