(Видео) Ѓошеска: Игнорирање на Острово од страна на властите на ДПМНЕ

  • Прес-конференција на Марија Ѓошеска советничка од Левица во Советот на Општина Гази Баба

,,Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, даде изборно ветување за едно од најубавите и најважните места од еколошки и научно-истражувачки карактер во Општината, кое е воедно и дом за огромен број ендемични птици и растенија – тој даде изборно ветување за заштита на Острово, Езерце и арборетумот.

Сега е време, кога гледаме дека зборовите не стануваат дела, да го прашаме градоначалникот: зошто ваква негрижа и лажење на гласачите? Сега и одма, не чекајќи подолго, треба да се преземат конкретни мерки за заштита на ова прекрасно место.

Левица прашува: дали немарот и игнорирањето на Острово од страна на властите на ДПМНЕ, ќе стане Европска вредност, како што тоа го правеше и СДС? Одговорот е јасен: нивните цели и приоритети не соодветствуваат на оние на обичните луѓе. Како советничка група во Советот на Општина Гази Баба, ги повикуваме останатите советници и градските власти да се разбудат од зимскиот сон. Го повикуваме градоначалникот и надлежните инспекции да дејствуваат веднаш, да го исчистат местото и да преземат мерки за неговата заштита.

На крај се поставува прашањето: дали се работи само за негрижа или за наменско запуштање со долгорочни бизнис цели за самата локација?”