Трето вето на САД во ОН за прекин на огнот во Газа

Соединетите Држави денеска ставија вето на резолуцијата на ОН поддржана од арапските земји, со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Гласањето во 15-члениот Совет за безбедност беше 13-1, а Обединетото Кралство беше воздржано, што ја одразува широката глобална поддршка за ставање крај на повеќе од четиримесечната војна што започна со ненадејната инвазија на Хамас во јужен Израел во која загинаа околу 1.200 луѓе, а 250 други беа земени како заложници.

Според Министерството за здравство на Газа оттогаш, повеќе од 29.000 Палестинци се убиени во воената офанзива на Израел, тврдеќи дека 70 отсто од жртвите се жени и деца.

Тоа беше трето вето на САД на резолуцијата на Советот за безбедност со која се бара прекин на огнот во Газа.