Симонов: Надворешната политика е најголемата предност на Левица

Пишува: Александар Симонов – член на Презедиумот при п.п. Левица

Ги следам истражувањата и анкетите на истражувачките ни институти, каде нормално на едните победува #СДС а на другите #ДПМНЕ, кој притоа потпрашуваат и ставови на граѓаните по одредени прашања (каде што за разлика од овие по прашањата за партиите кои очигледно е дека ги местат) овие изгледаат прилично пообјективни.

На прашањето за тоа „во која насока се движи државата по однос на надворешната политика?“ – наидов на една интересна статистика каде над 70% (процент за кој најмногу се согласни Македонците пред останатите етникуми) од граѓаните сметаат дека се движиме во погрешна насока! – Тука е најголемата предност на #Левица!

Маската на #ДПМНЕ падна, уште во техничка Влада, жалното им министерче отиде на баци рака кај грчката амбасадорка, и по телевизии без никаков срам отворено си кажува (и практично спроведува) дека се заложува за „Преспанскиот договор“ и дека неговата партија и од позиција на Власт продолжува да работи за „СЕВЕРНА“. Документите се нивната почетна точка! Штета што немаат лидер на партијата, кој има храброст да го каже тоа на неговите поддржувачи и гласачи, па мора да се крие под фустан, барем пред избори, за да не си ја направи бељата, поради тоа што го интересира власт, а не Македонија.

Нејсе, „Северна“, погледнете ги останатите клучни прашања, по однос на: НАТО, ЕУ, Палестина, Украина, Косово, меѓународна економија, дарување на државните ресурси на странски корпорации и т.н. – Затоа и ги нарекувам троен пакт: СДС, ДПМНЕ и ДУИ, не се разликуваат во ништо по однос на генерални ставови, туку спорат за внатрешни финеси околу „јадењето“ на колачот. Единствената разлика овде е тоа што првите две, мислејќи дека се измеќари на амбасадата, не приметуваат дека со години се измеќари на третата!

И каде е моментот на пресврт, тука е другари ЛЕВИЦА – која по однос на надворешните и безбедносните прашања во државата е ЕДИНСТВЕНА ОПОЗИЦИЈА, и можеби по одредени параметри, другите партии можат да „крадат“ и учат од нас, па да изгледа како „еве некаде ни се совпаѓаат интересите“, по однс на ова, сите се целосно на една страна и постои единствена опозиција од друга, која се вика ЛЕВИЦА!

Ако ги земеме во предвид ингеренциите на Претседателот на Републиката, тогаш, согласно јавното мнение кое лебди во дискурсот, излегува дека 30% од населението кое го поддржува моменталниот надворешно-политички курс ќе го делат кандидатите на сите останати политички претставници, а дека огромен дел од оние 70% ќе имаат најверојатно само еден кандидат кој го застапува нивното мнение.

Затоа, ваше е да изберете дали ќе го поддржите кандидатот на партијата која не го застапува вашето мислење, или конечно своето видување за државната надворешна политика ќе го ставите пред видувањето на просечноста на партијата која претходно сте ја поддржале. Ако одлучите за второто, бујрум со нас #ВоБорба, најмалку што можеш да направиш е да излезеш дадеш потпис за #Ванковска од наредната недела кога почнува официјалното собирање, нормално сечиј активизам е добредојден за каузата!

Важни ни се принципите на интернационализам, антиимепријализам, мултиполаризам, суверенитет… но најважно во надворешната политика ни е да ја зачуваме #МАКЕДОНИЈА!