Авторско водење низ изложбата ‘Градец’ во петок во Музејот на Крива Паланка
Во петок 23.02 со почеток од 12:30 часот во ЛУ Градски Музеј Крива Паланка ќе се одржи авторско водење низ изложбата ГРАДЕЦ -10 години археолошки истражувања на локалитетот “Градиште” од страна на м-р Милан Митовски, археолог.
Во галеријата на Градскиот музеј во Крива Паланка се изложени артефакти, фотографии, археолошки и историски материјали, дел од десетгодишните археолошки истражувања на локалитетот Градец, Кривопаланечко, каде што тим истражувачи работеа посветено во изминатата деценија, пронаоѓајќи значајни артефакти од праисторијата до средниот век.
Локалитетот Градиште се наоѓа во село Градец, на падините на планината Билино, во палеовулканската област Градечки Чуки, стара над 30 милиони години вулканска структура.