Нема штрајк во ЈСП, автобусите возат редовно
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров и редовно сообраќаат.
– Надминати се надоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Во интерес на нашите корисници на услуги, ќе ја сервисираме нашата обрска кон нив редовно, со сите автобуси предвидени за јавен градски превоз, изјави утрово за Миќо Стојановски, претседателот на Синдикатот на ЈСП „Скопје“.
Тој нагласи дека јавниот градски превоз ќе функционира нормално. Изрази надеж дека ова ќе биде крај на, како што рече, сите недоразбирања и дека нема повеќе граѓаните да не се занимваат со вработените на ЈСП „Скопје“, нивните работни обврски и плати.