Недостатокот на медицински станува се посериозен проблем во државата

Недостатокот на кадар во македонското здравство станува се посериозен проблем. Одливот на медицински сестри од државата е основниот показател кој го потврдува ова. Според проекциите во македонското здравство недостигаат двојно повеќе медицински сестри од бројката која е досега работно ангажирана.

Ова беше дискутирано на Светскиот ден на акушерките и Светската недела на сестринството, одбележани во Битола во присуство на голем број медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри од државни и приватни здравствени установи во Македонија.

„Има многу голем одлив. Тоа го броиме врз основа на нивните барање во Здружението за потврди за членство со кои во земјите каде заминуваат се евидентираат административно. Пандемијата со ковид-19 не е завршена и мора во здравствените установи да се надополни недостигот на медицински сестри преку континуирани конкурси“, рече Бешлиовска.

За тоа дека овој проблем треба сериозно да се третира и да се преземат акции со цел негово надминување, говори и информациите споделени од СЗО организација. Според нивните проекции до 2030 година ќе има недостаток од 9 милиони медицински сестри.