Бранителите повторно извисени

Откако ДПМНЕ ги повлече амандманите на Законот за вработени во одбрана, ДУИ го блокира Законот за бранители со 10 000 амандмани.

Пратениците Бране Петрушевски и Драган Ковачки се закануваат дека нема да го повлечат блокирањето на Законот за вработените во одбрана, додека не се реши статусот на бранители.

Вмровските пратеници ги повлекоа амандманите на овој Закон, под изговор  дека законот за бранители е ставен на дневен ред. Но, од дневен ред до усвојување на законот долга е процедурата

Допрва законот за бранители треба да оди на комисија, каде ДУИ најави дека ќе го блокира со 10 000 амандмани! Плус, претседател на надлежната Комисија е Ељми од Алијанса за Албанците, кој не го става законот на Комисија.

Со други зборови, ДПМНЕ пак направи евтин театар на грбот на бранителите, наместо да го блокираат законот за одбрана додека не се реши статусот на бранителите! Потклекнаа и одма ретерираа квази патриотите.