АктуелноЛокалноНастани

Левица: Протест против изградбата на 17 катницата во Карпош

Почитувани,

Ве повикуваме на протест оваа Сабота, 3 Февруари во 12 часот, против предвидената изградба на 17-катница во Карпош 2 и против самоволието на ненаситните инвеститори

Преку изигрување на одлуките на Советот на општината, Градоначалникот одобри парцелизација на земјиштето помеѓу бензинската на Макпетрол и болницата Жан Митрев, и со тоа овозможи инвеститорот да се стекне со простор за изградба на 60 метарска бетонска градба, на локација која не предвидува никаков објект!

Левица веќе реагираше дека зградата доби невалидно позитивно конзерваторско одобрение за градба, откако првото беше одбиено бидејќи оваа парцела се наоѓа во ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ на зградата-споменик, поранешна “Воена болница“.

Дополнително е спорна е и малата оддалеченост од бензинска станица, како и целото решение кое ќе доведе до урбанистички хаос во овој дел на населбата.

Советот на Општина Карпош изгласа одлука за СТОПИРАЊЕ И РЕВИЗИЈА на овој план, но градежните моќници останаа глуви на сите повици на Левица, граѓанските здруженија и жителите на Карпош, за прекин на активностите.

ЗАТОА, го дигаме нашиот глас на протест оваа сабота во 12 часот, на локацијата на која веќе започнуваат градежните работи, за да им кажеме дека НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ капиталот и интересите на малкумина да го уништуваат Карпош!

Локален Огранок на Левица – Карпош