АктуелноЛокално

Победа за Велешани – Кепс Монт гроуп нема да добие Б интегрирана дозвола

  • Соопштение на Левица – ЛО Велес

Во изминатиов период се водеше процес за стекнување Б интегриранта дозвола на компанијата Кепс Монт за експлоатација на техногена минерална суровина богата со опасни метали, воедно и канцерогени, како олово, цинк, кадмиум , бакар, арсен, индиум и талиум од поранешната Топилница во Велес, со поставување на постројка за дробење и мелење.

Кепс Монт предходно во 2019 година доби Б-интегрирана дозвола за дислокација на троската во Куала Лумпур Малезија, но за 4 години успеа да дислоцира само 0,025%, односно 500 тони од околу 2 милиони тони.

Советниците на Левица во Општина Велес остро се спротивставија на издавањето на дозволата, воедно тие иницираа јавна расправа за да ја запознаат јавноста за потенцијалната еколошка катастрофа!

Здравјето на велешани нема цена!