Груби и Пандели Мајко: После пописот албанското знаме да биде државно во Македонија

Вицепремиерот Груби кој отиде и во Албанија да побара помош за пописот во Македонија деновиве се сретна со поранешниот премиер на Албанија, Пандели Мајко. Тие во заедничката изјава ги повикаа сите државјани, кои се со албанско етничко потекло – а живеат надвор од границите на Македонија што помасовно да се попишат .

Ако излезете повеќе од 50% тогаш албанското знаме мора да биде државно во Македонија.

Веќе не станува збор дека се спроведува статистичка операција, комплетно се работи на промена на структурата на населението во Македонија. Иако статистички операции се прават исклучиво за резидентно население, законот со ваква методологија, преполн со недоречености за попишување на дијаспора, има за цел фингирање и фалсификување на бројноста на aлбанскиот етникум во Македонија. Тоа јавно го истакна во својата изјава и Груби кој рече дека овој попис не е повеќе статистика, туку политичка борба на Албанците и колку повеќе попишани во дијаспората толку поголеми права.