Глупоста на паметните неретко е најголема!

  • Фејсбук статус на Тамара Јованов – Апасиева –  Професорка на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – во Штип

Додека паметните чекаат некој да ги викне оддома за да им даде директорско место, оти тие се најдобри нели, тие другите (наводно помалку паметните), уште пред 33 години се организираа во политички субјекти, со кои освојуваат власт и им ги земаа директорските места.

Сега паметните паметуваат како тоа е лошо (добро утро), ама никако да се опаметат доволно за да фатат и тие да се организираат и да се борат за она што мислат дека е подобро и потребно.

Море, паметни, кој е глупиот во приказнава?

Тој што сфатил дека животот е борба или тој што во внатрешно окупирана држава во која ги губи и најосновните услови за живот, уште не сфаќа дека МОРА ОРГАНИЗИРАНО да се БОРИ, наместо да офка и да обвинува судба?!

Раци ти дал Бог, што му додеваш?!

Пс. А кога ќе влезеш во рингот, ќе видиш брзо дека повеќе треба да се работи, отколку само да се паметува, оти Македонија е окупирана држава, по сите стандарди и дефиниции!